а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

осигурување

мн. осигурувања
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1616
1. (глаг. им.) (се) осигурува
Англиски: reassurance Албански: sigurim
2. Однос заснован врз договор меѓу две страни, осигуреник и осигурителна компанија со кој, врз основа на определен еднократен паричен влог или повремени влогови од страна на осигуреникот, другата страна ќе му исплати определен паричен надоместок во случај на претрпена штета, болест, губење на работната способност, на животот итн.
Англиски: insurance Албански: shoqëritë e sigurimeve
Употреба: Економија
Примери:
Осигурувањата на вработените ги уплативме на жиро-сметка.
патничко осигурување
лично осигурување
осигурување на имоти и лица
3. Материјална и здравствена заштита на вработените и членови на нивните семејства во случај на болест, незгода на работното место или во старост.
Англиски: insurance Албански: sigurim
Употреба: Економија
Примери:
социјално и пензиско осигурување
4. Служба што осигурува, обезбедува, што чува одделни установи, објекти, лица од јавниот живот.
Англиски: security Албански: mbrojtje
Употреба: Економија
5. Воен одред што се распоредува заради заштита на трупи, на транспортни средства и сл.
Англиски: security Албански: mbrojtje
Употреба: Воен термин
Примери:
Непријателот непрекинато бие по осигурувањето.