изоглават
Вид збор: Глагол, свршен
(се изоглави) За човек - се ослободи од ропство, туторство.
Примери:
Конечно се изоглави од јаремот на спаијата.
испразнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испразни) Се ослободи.
Примери:
Салата брзо се испразни.
оправдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи некого од обвинение или одговорност, признавајќи го за невин.
Албански:
justifikoj
Употреба:
Правда
Примери:
Поради недостиг на докази судот го оправда обвинетиот.
ослободат
Вид збор: Глагол, свршен
Врати лична слобода некому, што бил лишен од слобода.
Примери:
Судот го ослободи уапсениот.
Направи да биде слободно тоа што било зафатено со нешто.
Примери:
Полицијата го ослободи патот од густиот сообраќај да помине странската делегација.
Направи да биде некој ослободен од обврска, должност и сл.
Примери:
Општината нè ослободи од плаќање комуналии.
Отстрани некому тешкотија, болка и сл.
Албански:
liroj, lehtësoj
Примери:
Докторот го ослободи од болките во грбот.
(се ослободи) Стане слободен, независен, стекне слобода.
Примери:
Се ослободивме од фашистичката окупација.
(се ослободи) Извлече, престане да биде врзан, пригмечен, блокиран и сл.
Албански:
liroj, zhbllokoj
Примери:
Напролет чуновите се ослободија од ледениот оклоп.
(се ослободи) Отфрли од себе, престане да прави, да извршува нешто за себе непријатно, неповолно, непожелно, штетно.
Примери:
Тој се ослободи од непотребните работи.
откинат
Вид збор: Глагол, свршен
спаси, ослободи
Примери:
Стариот го откина момчето од рацете на терористите.
отмат
Вид збор: Глагол, свршен
(се отме) Се ослободи, се оттргне насила од нешто.
Албански:
lirohem, çlirohem
Примери:
Едвај се отмел од рачиштата на крвникот.
отпуштат
Вид збор: Глагол, свршен
(се отпушти) се ослободи
Примери:
Кучето само се отпуштило од синџирот и избегало.
(се) оттргнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се оcлободи од нешто или од некого.
Примери:
Му се оттргна со едната рака.
подослободат
Вид збор: Глагол, свршен
Се ослободи малку, или малку повеќе.
Примери:
Кога автобусот се подослободи, тргнав да седнам и ногата ми пропадна во подот.
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи донекаде некого или нешто од оној или од она што врзува, држи, притиска и сл.
Примери:
Кога ги поослободи рацете од тешкиот товар, му олесна.
Ослободи донекаде од обврска, должност, обвинение и сл.
Примери:
Летото тој го поослободи од работните обврски.
(се поослободи) Се ослободи донекаде од некого или од нешто што држи, врзува, притиска и сл.
Примери:
По разговорот тој се поослободи од грижите што го притискаа.
(се поослободи) Се ослободи донекаде од обврска, должност, одговорност и сл.
Примери:
Откако дојде новиот колега, тој се поослободи од должностите.
пуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи затворен, задржан.
Примери:
Момчето го пушти јазовецот од стапицата.
разврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи од зависност, од ограниченост.
Примери:
Разврзи сили, Стојане.
растоварат
Вид збор: Глагол, свршен
(се растовари) Се ослободи од товар, од обврски.
Примери:
По изборите и тој ќе се растовари.
упразнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се упразни) се ослободи, се испразни
Примери:
Се упразни местото на шефот на одделението.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се упразнува) се упразни
Албански:
lirohet, zbrazet
фрлат
Вид збор: Глагол, свршен
За коњ и друго животно за јавање - се ослободи од товарот, од јавачот.
Примери:
Го фрли самарот.
чистат
Вид збор: Глагол, несвршен
премавнува, ослободува
Примери:
Чисти земја (држава) од крадци.