а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ослободи

ослободат; ослободил; (ќе) ослободел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 715
1. Спаси, избави од ропство, од непријателска власт, од потчинетост некому.
Англиски: liberate Албански: çliroj
Примери:
Војската ја ослободи земјата од непријателот.
2. Врати лична слобода некому, што бил лишен од слобода.
Англиски: free Албански: liroj, çliroj
Примери:
Судот го ослободи уапсениот.
3. Направи да биде достапно, подвижно нешто што било врзано, приклештено и сл.
Англиски: release Албански: liroj
Примери:
Го ослободи едниот крај од јажето и го повлече нагоре.
4. Направи да биде слободно тоа што било зафатено со нешто.
Англиски: free Албански: liroj
Примери:
Полицијата го ослободи патот од густиот сообраќај да помине странската делегација.
5. Направи да дојде до израз нешто што било прикриено.
Англиски: release Албански: liroj, lëshoj
Примери:
Бомбата ослободи големо количество разурнувачка енергија.
6. Направи да биде некој ослободен од обврска, должност и сл.
Англиски: free Албански: liroj
Примери:
Општината нè ослободи од плаќање комуналии.
7. Отфрли обвинение, оптужба.
Англиски: release Албански: liroj
Примери:
Судот го ослободи обвинетиот за убиство и го прогласи за невин.
8. Направи некој да се чувствува покомотно, посигурно.
Англиски: encourage Албански: liroj, inkurajoj
Примери:
Учителката ги ослободи децата пред настапот со малку смеа.
9. Отстрани некому тешкотија, болка и сл.
Англиски: free Албански: liroj, lehtësoj
Примери:
Докторот го ослободи од болките во грбот.
10. (се ослободи) Стане слободен, независен, стекне слобода.
Англиски: free Албански: çliroj
Примери:
Се ослободивме од фашистичката окупација.
11. (се ослободи) Извлече, престане да биде врзан, пригмечен, блокиран и сл.
Англиски: free Албански: liroj, zhbllokoj
Примери:
Напролет чуновите се ослободија од ледениот оклоп.
Животното се ослободило од кафезот и избегало.
12. (се ослободи) Отфрли од себе, престане да прави, да извршува нешто за себе непријатно, неповолно, непожелно, штетно.
Англиски: free Албански: liroj, hedh
Примери:
Тој се ослободи од непотребните работи.
Крадецот бегајќи се ослободил од украдените работи, ги фрлил во ендекот.
Се ослободи конечно од навиката да пуши.
13. (се ослободи) Престане да чувствува болка, тешкотија и сл.
Албански: çliroj
Примери:
Се ослободи од болките.
14. (се ослободи) Стане послободен во однесувањето, се охрабри.
Англиски: encourage Албански: liroj, rahatis
Примери:
Се ослободи малку пред да излезе пред професорот.
Изведенки
1. ослободува несв.
ослободуваат
2. ослободување ср.
глаг. им.