отворен
отворени
Вид збор: Придавка
Ранг: 399
2.
Што не е ограден, низ кој може слободно да се помине.
Примери:
отворена врата
отворен прозорец
отворена чанта
отворена книга
3.
непокриен, откриен
Примери:
Куќата е отворена, уште нема покрив.
отворен автомобил
Дуќани на отворено.
4.
Што работи, што функционира.
Примери:
Во чаршијата имаше веќе отворени дуќани.
5.
достапен, слободен
Англиски:
accessible
Албански:
në dispozicion
отворена граница
Слично со:
достапен (прид.)
6.
За боја, изглед - што е светол, јасен.
Примери:
Јас сакам отворени бои.
Слично со:
светол (прид.)
7.
Несрамежлив, снаодлив, вешт во комуникацијата.
Англиски:
communicative
Албански:
i shkathët
Тој е многу отворен човек.
8.
искрен
Англиски:
honest
Албански:
i sinqertë
Таа со мене е секогаш отворена.
Слично со:
искрен (прид.)
Изрази
Отворено писмо - писмо што преку медиумите се упатува како протест до јавна личност, најчесто од политиката.
Куќа отворена - што радо прима посети, гости.
Куќа отворена - покана за посета.
Отворен град - град што им е достапен на cите.
(воен.) Отворен град - град што нема да се брани.
Отворено прашање - прашање што чека решавање, што не е дефинитивно решено.
Игра со отворени карти - ја покажува намерата, јавно ја зборува вистината за своите постапки.
Со отворено срце/душа - искрено.
Отворено море - море по кое можат да пловат бродови од cите држави.
Слуша со отворена уста - слуша внимателно.
Остана со отворена уста - остана изненаден, зачуден, неподготвен на дадената ситуација.
Умре со отворени очи - умре со неисполнета желба за нешто.
Оди/е со отворени очи - свесно, со јасно изразена мисла.
Под отворено небо - надвор, без покрив на главата.
Отворена рана - рана што крвави, што не е залечена.
(прен.) Отворена рана - болка за некого, заради некого.
Изведенки
1.
отвореност ж.
искреност
Пример: Неговата сила е во неговата отвореност.
искреност
Пример: Неговата сила е во неговата отвореност.
2.
отворено ср.
Отворено место, надвор од домот.
Пример: Спиевме на отворено, во дворот.
Отворено место, надвор од домот.
Пример: Спиевме на отворено, во дворот.