а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отепа

отепаат; отепал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2742
1. Усмрти, лиши од живот.
Англиски: kill Албански: mbys, vras
Примери:
Го отепале арамиите.
Ловџиите отепале еден зајак.
2. (се отепа) Се убие самиот, се усмрти, cи го одзеде животот.
Англиски: kill himself, commit suicide Албански: vetvrasje
Примери:
Се отепа синот на сосетката возејќи го моторчето.
3. (се отепа) Се убие еден со друг, меѓу себе.
Англиски: kill eachother Албански: vritet
Примери:
На двобојот двајцата пукаа истовремено и се отепаа.
4. (се отепа) Се измори премногу, изнемошти.
Англиски: whack Албански: mbytem, vras
Примери:
Се отепа од работа.
Изрази
Господ да те отепа - клетва.
Изведенки
1. отепува несв.
отепуваат
2. отепување ср.
глаг. им.