откаже
откажат, откажам, откажи, откажете, откажав, откажаа, откажал, откажале, откажан, откажев, откажеа, откажел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1309
1.
Престане да признава важност на нешто однапред договорено.
Примери:
Го откажа состанокот.
Потстанарите го откажаа договорот за купување на станот.
Драмскиот театар ја откажа премиерата.
2.
Не признае нешто дека е вистина.
Примери:
Тој откажуваше дел од наводите на обвинението.
Слично со:
негира (св. и несв.)
3.
Не прифати, престане со прифаќањето на нешто.
Примери:
Инженерите откажале да ги примат парите и да ја прифатат работата.
Тој ќе дојде, не откажа.
Слично со:
одбие (св.)
4.
Не е во состојба да врши работа / дејство.
Примери:
Нозете ми откажаа и јас паднав.
Му откажаа рацете и тој го испушти послужавникот.
Моторот откажа.
5.
Престане да прави нешто што било навика или вообичаено дејcтво.
Примери:
Ги откажа цигарите.
6.
(се откаже) Се одрече, напушти нешто договорено, нешто што се имало или што се вршело.
Примери:
Тој се откажа од сè заради неа.
Hие се откажавме од учеството на турнирот.
7.
(се откаже) Прекине врска, одноc со некого.
Примери:
Тој се откажал од својот син поради нивните несогласувања.
8.
(се откаже) Напушти навика, вообичаена активност.
Примери:
Тој се откажа од пиење.
9.
(се откаже) Напушти идеја, миcлење, намера, нешто што се мислело да се изврши, да се направи.
Примери:
Се откажа од првобитната намера да се запише на факултет.
Се откажа од мислата дека таму не е добредојден.
10.
(се откаже) Одбие, напушти нешто што по закон му припаѓа, му следува.
Примери:
Се откажа од својот дел од наследството во корист на брат му.
Изведенки
1.
откажува несв.
(се) откажуваат
(се) откажуваат
2.
откажување ср.
мн. откажувања
глаг. им.
Пример: Долгогодишна работа со многу откажувања.
мн. откажувања
глаг. им.
Пример: Долгогодишна работа со многу откажувања.