а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

открие

откријат; откриј, откријте; открив, откривме, откривте, откри, открија; открил, откриле; откриев, откриеја; откриел; откриен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 472
1. Иcтави покривач, одвие нешто покриено.
Англиски: uncover Албански: zbuloj
Примери:
Мајката го откри лицето на бебето.
Ветерот го откри лицето на девојката.
Силниот ветер ја откри куќата.
2. Претстави, покаже нешто (споменик, спомен-плоча) пред јавноста.
Англиски: unveil Албански: zbuloj
Примери:
Градоначалникот ја откри спомен-плочата на херојот.
3. Соопшти, каже некому или изнесе пред јавноcта тајна, намера, афера, корупција итн.
Англиски: reveal Албански: zbuloj
Примери:
Новинарот откри дека имало подмитување.
4. Пронајде нешто во науката, дојде до откритие.
Англиски: discover Албански: zbuloj, shpikë
Примери:
Арапите ја откриле билката на кафето во провинцијата Кафа, во Етиопија.
Колумбо ја открил Америка.
Тие откриле нови наоѓалишта на јаглен.
5. Разоткрие вистина.
Англиски: discover Албански: zbuloj, gjej
Примери:
Полицијата го откри скриеното оружје.
Советските научници откриле дека вулканските ерупции на површината фрлаат стотици илјади тони елементи неопходни за индустриското производство.
6. Наиде на нешто случајно, неочекувано.
Англиски: discover Албански: gjej
Примери:
Децата секој ден откриваа коски од скелети во полето.
7. (се открие) Истави, симне покривач од себе.
Англиски: uncover Албански: heq, zbuloj
Примери:
Детето се открило.
8. (се открие) Еден cо друг иcтави покривач.
Англиски: uncover Албански: heq
Примери:
Тие не можеа да заспијат и постојано се закачаа и се откриваа: таа го тргаше неговото ќебе, а тој нејзиното.
9. (се открие) За човек - се покаже пред некого, се разоткрие.
Англиски: reveal Албански: zbuloj, demaskoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Анамката се откри пред гостите.
10. За простор - се покаже, се појави пред некого.
Англиски: reveal Албански: hapë, çelë
Примери:
Пред него се открија широки простори.
Пред децата се откри голема ширина.
11. (се открие) се довери
Англиски: confide Албански: hapem, në mirëbesim
Примери:
Девојката се откри пред мене, зашто чувствуваше дека сум ѝ пријателка.
Изрази
Ја откри Америка - открие веќе позната работа.
Изведенки
1. открива несв.
откриваат
2. откривање ср.
мн. откривања
глаг. им.