открие
откријат; откриј, откријте; открив, откривме, откривте, откри, открија; открил, откриле; откриев, откриеја; откриел; откриен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 472
1.
Иcтави покривач, одвие нешто покриено.
Примери:
Мајката го откри лицето на бебето.
Ветерот го откри лицето на девојката.
Силниот ветер ја откри куќата.
Спротивно од:
покрие (св.)
2.
Претстави, покаже нешто (споменик, спомен-плоча) пред јавноста.
Примери:
Градоначалникот ја откри спомен-плочата на херојот.
Слично со:
промовира (св. и несв.)
3.
Соопшти, каже некому или изнесе пред јавноcта тајна, намера, афера, корупција итн.
Примери:
Новинарот откри дека имало подмитување.
Слично со:
соопшти (св.)
4.
Пронајде нешто во науката, дојде до откритие.
Англиски:
discover
Албански:
zbuloj, shpikë
Арапите ја откриле билката на кафето во провинцијата Кафа, во Етиопија.
Колумбо ја открил Америка.
Тие откриле нови наоѓалишта на јаглен.
Слично со:
пронајде (св.)
5.
Разоткрие вистина.
Англиски:
discover
Албански:
zbuloj, gjej
Полицијата го откри скриеното оружје.
Советските научници откриле дека вулканските ерупции на површината фрлаат стотици илјади тони елементи неопходни за индустриското производство.
6.
Наиде на нешто случајно, неочекувано.
Примери:
Децата секој ден откриваа коски од скелети во полето.
7.
(се открие) Истави, симне покривач од себе.
Англиски:
uncover
Албански:
heq, zbuloj
Детето се открило.
8.
(се открие) Еден cо друг иcтави покривач.
Примери:
Тие не можеа да заспијат и постојано се закачаа и се откриваа: таа го тргаше неговото ќебе, а тој нејзиното.
9.
(се открие) За човек - се покаже пред некого, се разоткрие.
Примери:
Анамката се откри пред гостите.
10.
За простор - се покаже, се појави пред некого.
Англиски:
reveal
Албански:
hapë, çelë
Пред него се открија широки простори.
Пред децата се откри голема ширина.
11.
(се открие) се довери
Англиски:
confide
Албански:
hapem, në mirëbesim
Девојката се откри пред мене, зашто чувствуваше дека сум ѝ пријателка.
Слично со:
довери (св.)
Изрази
Ја откри Америка - открие веќе позната работа.
Изведенки
1.
открива несв.
откриваат
откриваат
2.
откривање ср.
мн. откривања
глаг. им.
мн. откривања
глаг. им.