пазува
мн. пазуви
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2722
1.
Местото меѓу градите и алиштето.
Англиски:
bosom
Албански:
gjoks, sqetull
Си го зело детето книжето и си го клало во пазувата.
Ја извадил шамијата од пазувата.
2.
Алиштето над градите; воопшто гради, кај маж и жена.
Албански:
gjoks
Ми го грабна јунак за пазуви.
3.
крило, закрила, заштита
Примери:
Мајкина пазува.
Изрази
(разг.) Од устата во пазувата! - како одговор на фрлената клетва.
Топла му е нему пазувата - има пари, материјално добро стои.
Чува змија во пазува.
Те љуби како снег в пазува - не те сака.
Плукни си во пазувата - се вели на оној кој се плаши.
(разг.) Растен е како во мајкина пазува - мазен е.
Нема пазува - нема заштита.