а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пакува

пакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 13841
1. Спрема, прави пакети.
Англиски: pack Албански: paketon
Примери:
Пакувам роденденски подарок.
2. Собира, подредува потребни работи што се носат при патување.
Англиски: pack Албански: mbledh
Примери:
Ги пакуваат куферите.
3. мести, средува, подредува
Англиски: arrange Албански: rregulloj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој ги пакува картите.
4. (се пакува) Се подготвува за одење, патување.
Англиски: pack Албански: paketon
5. (се пакува) Си оди, напушта работа, служба против своја волја.
Англиски: leave Албански: largohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ајде, пакувај се!