а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

папок

мн. папоци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3129
1. Вдлабнатина во средишниот дел на мевот што се јавува како последица на прекинување на папочната врвца.
Англиски: navel Албански: kërthizë
Употреба: Анатомија , Разговорно
Примери:
Гол до папок.
Лекарот го погледа папокот на детето.
2. Средиште, центар на нешто.
Англиски: center Албански: qendër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Папокот на светот.
Изрази
Тука му е врзан панокот - стално седи (работи) на едно место.
Папокот му побегна за јадење (од стрвост).
Не ти кладов жар на папокот!
Насреде тапан зрно сочиво - гатанка за папок.