а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пари

парат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 22006
1. Излага на пара.
Англиски: steam Албански: avullon
Примери:
Порите се отвораат по изложувањето на пара.
2. Потура со врела вода.
Англиски: boil out Албански: përvëloj
Примери:
Ја паревме кацата.
Мајката ги пареше алиштата.
3. (се пари) Се излага на пара.
Англиски: steam Албански: avullohet
Примери:
Ако носот е затнат, болниот треба да се изложи на пара.
4. (се пари) Се капе со пара.
Англиски: steam Албански: përavullohet
5. жеже
Англиски: burn Албански: përvëlon
6. (за коприва) жури
Англиски: burn Албански: djegë
Употреба: Дијалектен збор
7. (за нешто луто; за алкохол) пече
Англиски: burn Албански: djegë
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Ме пари грлово.
8. пара, распарува
Англиски: split Албански: copton
Употреба: Народна поезија
Примери:
Со сабја по грло ја сече, со боздоган по срце ја пари.
9. (се пари) За животни - се спои (за мажјак и женка) заради оплодување.
Англиски: mate Албански: parëzoj, ndërzoj
Употреба: Зоологија
Примери:
Февруари е идеалниот период кога се парат мачките.