(се) вгорат
Вид збор: Глагол, свршен
Се вцрви, поцрвене (од сонце оган).
Примери:
Силниот оган му го вгори лицето.
гламносаат
Вид збор: Глагол, свршен
изгори, поцрни
Примери:
Гламносаа гредите во куќата.
горат
Вид збор: Глагол, несвршен
Е во оган, е запален.
Примери:
Куќата гореше сета во пламен.
Има висока телесна температура.
Примери:
Детето три дена гореше од температура.
Вид збор: Глагол, свршен
Изгори до крај, престане да гори.
Примери:
Пламенот ќе догори и ќе остане само жарот.
Вид збор: Глагол, свршен
(се доиспече) се пресонча
Примери:
Заспав на плажата и се доиспеков.
жарат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се жари) Се претвора во жар, е во состојба на жар.
Примери:
Јаглењето во огништето се жареа.
жегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само 3. л.) За болка - прободува, силно пече.
Примери:
Ме жега во слабините.
жежат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предизвикува силна топлина.
Примери:
Песокта под нозете сѐ уште жежеше.
Вид збор: Глагол, несвршен
жижнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се жижне) Се изгоре, се опече.
Примери:
Кучето се жижна од печката и избега.
журат
Вид збор: Глагол, несвршен
Надразнува, предизвикува црвенило на кожата (за коприва).
Примери:
Војниците го жураа со копривата беспомошното животно и се кикотеа.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гори.
Примери:
Огнот полека загори.
Изгори малку, подгори нешто при варење или печење.
Примери:
Го загоревме бакарданикот.
зажарат
Вид збор: Глагол, свршен
За коприва - почне да жари, да жури.
Примери:
Копривите го зажарија по босите нозе.
зажежат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да жеже.
Примери:
Железото ми ги зажежа рацете.
залутат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да ми (ти, му...) лути од нешто. Ми (ти, му...) лути.
Примери:
Пиперките ми залутија.
запалат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да гори нешто со пламен.
Примери:
Војниците го запалија селото.
(се запали) Почне да гори.
Примери:
Една искра ја погоди копата сено и таа се запали.
запарат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пржи, да пече (во грло, во уста).
Примери:
Ракијата ме запари во грлото.
запечат
Вид збор: Глагол, свршен
За сонце - почне да пече, да жеже.
Примери:
Сонцето веќе запече.
Почне да пече, да жари.
Примери:
Го запече потта.
згорат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш, одненадеж почне да гори.
Примери:
Најпрвин се покажа чад, а потоа згори и оган.
изгорат
Вид збор: Глагол, свршен
3аврши со горење.
Примери:
Во пожарот изгореа две куќи.
Потроши со горење.
Примери:
Изгоревме многу дрва оваа зима.
Гори малку, загори, подгори, за јадење.
Примери:
Мисирката изгорела од едната страна.
Надразни сетило за вкус, излути.
Примери:
Пиперките ме изгореа.
Направи да биде уништено како последица на голема употреба, остар вкус.
Примери:
Му изгореа дробовите од ракија.
(се изгори) Почувствува силен, најчесто лут или остар, вкус.
Примери:
Се изгоре од супата.
испечат
Вид збор: Глагол, свршен
Изложи на силно сонце.
Примери:
Си ги испече нозете на сонце.
(се испече) Добие изгореници (од оган, од сонце).
Вид збор: Глагол, свршен
Запали повеќе нешта одеднаш.
Албански:
kall, djeg, ndez
Примери:
Ги испозапалија стрништата.
лутам
Вид збор: Глагол, несвршен
Пржи, гори, пали (на јазик, на кожа, на очи).
Примери:
Пиперките, што ги лупев денес, лутат.
налутат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува малку лут вкус (од јадење, пијалак).
Со кратка заменска форма - ми (ти, му).
Примери:
Јадењево (ми) налути малку.
напарат
Вид збор: Глагол, свршен
Доживее нешто лошо, непријатно.
Примери:
Ама се напаривме со продажбата.
(се напари) Доживее нешто непријатно, лошо.
опалат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика руменило на кожата под влијание на сонце, ветар и сл.
Примери:
Го опали сонцето.
опечат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгори, добие изгореница, рана.
Примери:
Само осетив како цевката отскокна и нешто како да ме опече.
Опали, обгори од сонце.
Примери:
Силните зраци му го опекоа лицето.
Предизвика болка, внатрешен немир.
Албански:
djegë, përvëloj
Примери:
Нејзиниот поглед, допирот на раката го опекоа.
(се опече) се изгоре
Примери:
Се опеков од рерната.
палат
Вид збор: Глагол, несвршен
Уништува со огин.
Примери:
Пали села и градови.
(за сонце) жеже, пече
Примери:
Сонцето пали.
(за пиперка или зачин) лути
Примери:
Овие пиперки палат.
парат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за нешто луто; за алкохол) пече
Примери:
Ме пари грлово.
Вид збор: Глагол, несвршен
пече
Вид збор: Глагол, несвршен
Со оган го прави годен за употреба.
Примери:
пече ќерамиди, пече тули, пече вар
За сонце - пали, жеже, грее.
Примери:
Сонцето силно пече.
За пиперка; рана - лути.
Примери:
Раната ме пече.
Грижа на совеста.
Примери:
Совеста ме пече.
пламтат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - обземен од силно чувство.
Примери:
Сиот пламти од гнев.
погорат
Вид збор: Глагол, свршен
Гори малку, кратко време или уште малку.
Примери:
Нека погори свеќата, па угаснете ја.
подгорат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгори до некој степен.
Примери:
Во пожарот што изби, гредите на куќата подгореа.
Вид збор: Глагол, свршен
За јадење - загори малку.
Албански:
djeg, shkrumoj pak
Примери:
Гравот како да подзагорел, мириса цела куќа.
Вид збор: Глагол, свршен
Ми (ти, му, ...) Почувствува малку лут вкус.
Примери:
Пиперката ми подналути малку.
Вид збор: Глагол, свршен
(само 3. л.) Жеже малку, кратко време.
Вид збор: Глагол, свршен
Опече, изгори малку, во помал степен.
Примери:
Јакото сонце ја поопече.
попарат
Вид збор: Глагол, свршен
За слана - уништи растение.
Албански:
përvëloj, djegë
Употреба:
Ботаника
Примери:
Зелената трева ја попари слана.
Вид збор: Глагол, свршен
Прегори малку, до определен степен.
Примери:
Ручекот малку ѝ попрегори.
прегорат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да загори, да изгори, испече повеќе отколку што е потребно.
Примери:
Домаќинката го прегоре ручекот.
Изгори, се расипе, добие куса врска, куршлус.
Примери:
Целата инсталација ни прегоре.
Престане да гори.
Примери:
Огнот никако да прегори, да престане.
прижежат
Вид збор: Глагол, свршен
Однаш почне силно да жеже.
Примери:
Прижеже сонцето.
Ми (ти, му) стане малку жешко.
Примери:
Ми прижежа на нозеве од огнот.
припечат
Вид збор: Глагол, свршен
За сонце - одеднаш почна силно да пече.
Примери:
Сонцето припече како среде лето.
сврелат
Вид збор: Глагол, свршен
(се сврели) се распали, се згорешти
Примери:
Нешто многу си се сврелил.
согорат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгори, уништи со оган, со пожар.
Примери:
Гром ги согори електричните далноводи.
Растопи, разгради нешто.
Примери:
Кислородот ги согори хранливите материи.
согоруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
спржат
Вид збор: Глагол, свршен
исуши, прегори
Примери:
Сушата ги спржи лисјата.
(се спржи) се исуши, се прегори
Примери:
Тревата се спржила.
џишнат
Вид збор: Глагол, свршен
изгори, подгори
Примери:
Си ги џишна прстите на шпоретот.
запече
Примери:
Нешто ја џишна во градите.
Вид збор: Глагол, несвршен
Жури со коприва.
Албански:
djeg, përvëloj
Употреба:
Ботаника
(се џурка) Се жури со коприва.
Албански:
djeg, përvëloj
Употреба:
Ботаника
штипат
Вид збор: Глагол, несвршен
За студ, ветар, чад, пијачка - дејствува остро на кожата или на некој орган.
Примери:
Остриот ветар му го штипеше лицето.