пасе
пасат; паси, пасете; пасев, пасеа; пасел; пасен; пасејќи; пасов, пасоа; пасол; пасле
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3056
1.
За животно - јаде трева и сл.
Примери:
Кравите пасеа.
(разг.) Пасе трева.
2.
(за пчели) Пушти во природа да се хранат.
Примери:
Годинава не ги пуштил пчелите да пасат во селската корија.
4.
За коњ, магаре - пари.
Примери:
Нашиот пастув ја пасе вашата кобила.
Изрази
А ти мислиш дека ние пасеме трева - дека сме наивни.
Паси трева кога знаеш!
Каде расло, каде пасло!
Друг ги пасе овците, друг ја стриже волната (посл.)