падне
паднат; паднав, падни, паднавме, паднете; паднав, паднаа; паднал; паднат; (ќе) паднев, (ќе) паднеа; (ќе) паднел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 418
1.
Изгуби потпора, рамнотежа и се струполи, се урне наземи од високо или од положбата во која стои.
Примери:
Бомбите паднале в поле.
2.
За атмосферски талози (дожд, снег, слана) заврне, се спушти.
Примери:
Беше паднал голем снег.
Магла падна по полето.
Слично со:
врне (несв.)
3.
Се ничкоса губејќи рамнотежа.
Англиски:
fall
Албански:
bie, rrëzohem
Како што трчаше, детето одеднаш падна.
Паднала куќата.
Слично со:
ничкоса (св.)
5.
Биде победен.
Примери:
Со тоа Македонија падна под турска власт.
Паднале многу населени места (во рацете на непријателот).
6.
(само во 3. лице) се опушта
Албански:
bie
Косите ѝ паднале на рамена.
Му паднале панталоните.
Слично со:
опушти (св.)
10.
Се најде некаде
Албански:
bie, takon
Паднавме во првата група; паднал в стапица.
(разг.) Не паднал на мајстор
11.
За работа, задача - легне врз некого.
Англиски:
lie
Албански:
shtrihem, bie
Целата работа паднала врз него - тој ја работи сета работа.
12.
За цени - се снижи.
Англиски:
decrease
Албански:
bie, zvogëlohet
Паднала цената на струјата.
14.
стане, се изврши
Албански:
bie, kam
Сега ќе падне еден говор.
На свадбата падна едно јадење, пиење, играње.
Падна предлог.
15.
Обично со предлогот в, во - се најде во некаква душевна состојба и сл.
Албански:
bie, ra
Паднал во меланхолија, немилост, несвест.
20.
(при делба, лотарија - добие) добие, припадне
Англиски:
win
Албански:
bie, fiton
Нему му паднал автомобилот.
Слично со:
добие (св.)
Изрази
(разг.) За пропаднати пари - паднаа во бунар!
(посл.) Носот да му падне, не си го поткрева - се вели за мрзлив човек.
(посл.) Ако падне, пак ќе стане.
(разг.) Да го дувнеш, ќе падне.
(разг.) Паднавме на зборот.
(разг.) Паднавме во (на) разговор.
Му падна в очи - забележа.
Му падна на ум - му текна.
Падна во постела - се разболе.
Падна ред на него.
Сиот товар паднал врз него.
Падна на колена, на коленици - моли.
Му падна тешко.
Му падна грев.
Му падна мака.
Му падна жал - се сожали.
Му паднал мрак пред очи - му пукнал филмот.
Крв ќе падне.
Глави ќе паднат.
Тој длабоко паднал - пропаднал.
Влакно нема да ти падне - ништо нема да ти се случи.
Не дава прав да падне на него.
Недраго ѝ паднало.
Овој како да паднал од небо - ништо не разбира.
Паднал болен.
(посл.) Каде падни, таму зобни - јаде, се храни кај ќе стигне.