а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пеење

мн. пеења
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2480
1. пее
Англиски: singing Албански: këndon
Примери:
песни пеење
пеењето на славејот
Пеењето на попот в црква.
2. Исполнување песни, арии како уметност, како професија.
Англиски: singing Албански: këndon
Употреба: Музика и танц
Примери:
оперско пеење
Студира пеење.
хорско пеење
црковно пеење
3. учебен предмет
Англиски: singing Албански: këndim
Употреба: Образование
Примери:
учебник по пеење
Имаат два часа пеење.
4. песна
Англиски: song Албански: këngë
Употреба: Книжевен збор , Литература
Примери:
Петтото пеење од тој епос.
5. читање
Англиски: reading Албански: lexim
Употреба: Архаизам
Примери:
Ти треба многу пеење за таа книга.
6. молитва
Англиски: prayer Албански: lutje
Употреба: Црковен термин
Примери:
Сака пеење гробот од деда ти.
7. Читање молитва за здравје и сл.
Англиски: praying Албански: lexim
Употреба: Архаизам , Црковен термин
Примери:
Ѝ заповедила на мајката од детето да го носи по баење, по пеење.