пемпере
мн. пемпериња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 44504
Може да означува разни предмети кои се непознати, не им се знае името од прв момент.
Примери:
Само уште некое пемпере му фали на вратот, па да стане снимател.
Наш војник не носи ни крст ни некакви пемпериња.
Слично со:
дрангулија (ж.)
Изрази
Го направи пемпере - остро прекори некого.