пламне
пламнат; пламни, пламнете; пламнав, пламнаа; пламнал; пламнат; (ќе) пламнев, (ќе) пламнеа; (ќе) пламнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4359
1.
Почне да гори со пламен.
Англиски:
flare-up
Албански:
ndez, djegë
Пламна огинот.
Слично со:
запали (св.)
3.
За очи, поглед - молсне, светне.
Примери:
Му пламнаа очите.
Пламнати очи.
Слично со:
молсне (св.)
4.
Вцрви се поради силно чувство: лутина, јад, гнев.
Примери:
Тој пламна во лицето.
Тој одеднаш ќе пламне.
Слично со:
кипне (св.)
5.
За силни чувства, бунт, борба, болест - избувне со голема сила.
Примери:
Копачијата и Дебарца пламнаа.
Борбите пламнаа со нова сила.
Слично со:
избувне (св.)