а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бапне

бапнат; бапни, бапнете; бапнав, бапнаа; бапнал; бапнат; бапнев, бапнеа; бапнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13599
1. Падне со тресок, грубо удри со тресок.
Англиски: crash Албански: rrëzim
Примери:
Бапна наземи шишенцето.
Главечки бапна од колата.
2. Грубо фрли, тресне.
Англиски: throw Албански: hedh
Примери:
Ги бапнаа дрвата врз разгорениот оган.
Ја бапна во пепелта.
Го бапна на земја.
3. Одеднаш влезе, одеднаш се појави.
Англиски: rush in Албански: hyri
Примери:
Бапна на сред црква.
Во собата бапна висок старец.
4. (се бапне) Се тресне, се удри; нагло легне, се фрли на нешто.
Англиски: crash into Албански: hyri
Примери:
Се бапнав во вратата.
Се бапна на рогозината.
Изведенки
1. бапнува несв.
бапнуваат
2. бапнување ср.
глаг. им.