плесне
плесна; плесни, плеснете; плеснав, плеснаа; плеснал; плеснат; плеснев, плеснеа; плеснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5977
1.
Удри предизвикувајќи плесок.
Англиски:
slap
Албански:
qëlloj, godas
Го плесна силно детето по тилот.
Момчето го плесна соиграчот со топката по глава.
Слично со:
шлакне (св.)
2.
Удри раце една со друга.
Англиски:
clap
Албански:
përplasje, duartrokitje
Бегот плесна со рацете и сите се растрчаа околу него.
Госпоѓата плесна силно со рацете.
Девојчето им плесна со рачињата на пилињата и тие се разбегаа.
Слично со:
ракоплеска (несв.)
3.
Јавно искаже нешто со револт и директно.
Примери:
Ѝ плесна на директорката полно работи в лице.
4.
(се плесне) Се удри по дел од телото.
Англиски:
slap
Албански:
godas, shkllapit
Кога виде што сторил, тој се плесна силно по челото.
Слично со:
удри (св.)