а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плиска

плискаат; плискал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 6408
1. Силно излива, блиска вода или друга течност.
Англиски: splash Албански: spërkat
Примери:
Уште ли ќе плискаш кофи вода во дворот?
2. Исфрла вода од чун, сад и др.
Англиски: empty Албански: hedh
Примери:
Јас дури веслам, ти плискај ја водата од чунов.
3. плиска, прска
Англиски: sprinkle Албански: spërkat
Примери:
Си го плискаше лицето со вода.
4. (за пари) фрла
Англиски: throw Албански: hedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пари сум плискал за него.
5. (за дожд) паѓа
Англиски: rain Албански: bie shi
Примери:
Цел ден плискаше дождот.
6. излива
Англиски: swamp Албански: fundos
Примери:
Држи ја поубаво чашата, го плискаш виното.
7. За море, река - се бранува и удира во нешто.
Англиски: wave Албански: valëvitet
Примери:
Морето плиска.
8. (за вода, море, река) облие
Англиски: wash Албански: rumbullakët
Примери:
Ги плиска бреговите наши.
9. шири
Англиски: spread Албански: përhapje
Употреба: Поетски збор , Преносно значење
Примери:
Тој злоба од себе плиска.
10. (се плиска) Се прска со вода.
Англиски: sprinkle Албански: spërkatë
Примери:
До кога ќе се плискаш на бунарот?
11. (се плиска) се бранува
Англиски: wave Албански: spërkatë
Примери:
Езеро ширно се плиска.
12. (се плиска) излие
Англиски: spill Албански: derdh
Примери:
Вака ако го носиш легенот, водата нема да се плиска.
13. (се плиска) се троши
Англиски: waste Албански: shpenzoj
Употреба: Поетски збор , Преносно значење
Примери:
Се плискаат и сили и време.