rain - онтологија

дожди повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
Врне, паѓа дожд.
Примери:
Во квечерината дождеше ситно, а баба ми ми раскажуваше приказни.

заврне повеќе

заврнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да врне.
Албански: bie shi
Примери:
Кога ќе заврнеше, таванот прокиснуваше.
Падне, наврне дожд, снег.
Албански: bie shi
Примери:
Вчера заврна силен дожд.

изврне повеќе

изврнат
Вид збор: Глагол, свршен
(само 3 л.) Врне многу, обилно.
Примери:
Што изврна еден град.

истури повеќе

истурат
Вид збор: Глагол, свршен
(само 3. л.) Падне пороен, силен дожд.
Албански: derdh, bie shi
Примери:
Пред еден час истури, а сега повторно грее сонце.

капне повеќе

капнат
Вид збор: Глагол, свршен
За дожд - заврне малку.
Албански: pikoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Вчера капна малку дожд.

плиска повеќе

плискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за дожд) паѓа
Албански: bie shi
Примери:
Цел ден плискаше дождот.

поврне повеќе

поврнат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврне малку.
Употреба: Безлично
Примери:
Поврнало ноќеска.

подзаврне повеќе

подзаврна
Вид збор: Глагол, свршен
За дожд, снег - врне слабо, малку.
Примери:
Дождот подзаврнал пред тоа и во воздухот се чувствуваше свежина.