побратим
мн. побратими
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3441
1.
Тој што се прогласува за брат со некого според определен обред (заедничко испивање вино, мешање крв и сл.).
Англиски:
blood brother
Албански:
bëj vëllami
Ги испија чашите со вино и станаа пробратими.
2.
најблизок, верен пријател
Англиски:
close friend
Албански:
shoku më i ngusht
По смртта на Патрокл, срдечниот пријател и верен побратим на Ахил, Феник не го напуштил својот воспитаник.
Слично со:
пријател (м.)
3.
Лице што врши извесни услуги за свадбени обичаи, близок другар на момчето при свадбата.
Англиски:
best man
Албански:
shoku i dhëndërrit
Младоженецот заедно со своите побратими ги пречекува музичарите.
Деверите или побратимите или братимите играат важна улога во свадбените обичаи.
4.
Израз на блискост.
Латински:
shoku më i ngusht
Англиски:
close friend
Секој месец има нов побратим.
5.
Обраќање кон непознато лице од исто место, од ист крај или како израз на блискост.
Кај си тргнал вака, побратиме!