поглед
мн. погледи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 183
1.
Насоченост на очите кон некого, на нешто.
Англиски:
look
Албански:
shikim, vështrim
Го следи со поглед.
Впери поглед.
Крене поглед.
Задржи поглед.
Слично со:
вид (м.)
2.
Израз на очите како одраз на душевната состојба.
Примери:
испитувачки поглед
бистар поглед
празен поглед
срамежлив поглед
зол поглед
страшен поглед
тажен поглед
3.
Тоа што се открива пред очите на некое место.
Примери:
Прозорец со поглед на морето.
Соба со поглед на езерото.
Прекрасен поглед на сите страни.
Слично со:
глетка (ж.)
4.
Гледиште, вид, страна на гледање, на оцена.
Англиски:
aspect
Албански:
pikëpamje, aspekt
Во секој поглед.
Во морален поглед.
Во поглед на квалитетот.
5.
Начин на сфаќање, на уверување.
Англиски:
viewpoint
Албански:
botëkuptim, pikëpamje, opinion, mendim
современ поглед
научен поглед
конзервативни погледи
Слично со:
сфаќање (ср.)
Изрази
Сврти (привлече) поглед - предизвика внимание, интерес.
На прв поглед - површно, бегло, без задлабочување во суштината.
Голтне со поглед - покаже големо љубопитство.
Мери (измери) со поглед - добро изгледа, оцени некого со поглед.
Поглед на светот (животот) - филозофско, животно уверување.