а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

погоден

погодени
Вид збор: Придавка
Ранг: 2880
1. (глаг. прид.) погоди
Англиски: hit Албански: i qëlluar
Примери:
Погоден од куршум.
2. Засегнат, силно душевно потресен.
Англиски: affected Албански: i goditur, i prekur
Примери:
Тој се почувствува најмногу погоден, иако забелешката се однесуваше на сите.
3. уреден, дотеран, среден
Англиски: tidy Албански: i zbukurua
Примери:
Собата му беше погодена и за одмор и за работа.
4. договорен, спогоден
Англиски: agreed Албански: i dakorduar
Примери:
Беше погоден да му работи цела година.
Погодениот мајстор му откажал.
5. Што одговара, соодветен за нешто, за дадена потреба, намена итн.
Англиски: suitable Албански: i qëlluar
Примери:
погоден момент
погодни зборови
погодна храна
погодна почва
погодна температура
погодно време и место
погодни околности
погоден за обработка
погодно за носење