а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поджугне

поджугнат; поджугни, поджугнете, поджугнав, поджугнаа, поджугнал, (ќе) поджугнев, (ќе) поджугнеа, (ќе) поджугнел, поджугнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За растенија - никне, потера малку над земјата.
Употреба: Ботаника
Примери:
Расадот поджугнал, ќе го биде.
2. За деца - зајакне малку, порасне малку.
Англиски: strengthen
Примери:
Ова лето децата поджугнаа малку.
3. По болест, заздрави, живне.
Англиски: liven
Примери:
Болниот поджугнал, машала.
4. Потшепне малку.
Примери:
Поджугни му за мене, ако можеш.
Изведенки
поджугнува несв.
поджугнуваат