а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зајакне

зајакнат; зајакни, зајакнете; зајакнав, зајакнаа; зајакнал; зајакнат; зајакнев, зајакнеа; зајакнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7666
1. Стане појак, посилен; закрепне по болест.
Англиски: recover Албански: forcoj, rimarr
Примери:
Таа зајакна по прележаната болест.
Од добрата храна коњите брзо зајакнаа.
2. Направи да биде појак, посилен.
Англиски: strengthen Албански: përforcoj
Примери:
Со засилена нега ги зајакнавме ранетите другари.
Чистиот планински воздух го зајакна детето.
Вештачкото ѓубре ги зајакна овошките.
3. Дојде до израз, ја зацврсти својата позиција, положба и сл.
Англиски: strengthen Албански: forcoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со зголемување на извозот денарот зајакна.
4. (се зајакне) Се поправи, стане појак, посилен.
Англиски: strengthen Албански: forcohem
Примери:
Се зајакнал и се развил со вежбање.
Изведенки
1. зајакнува несв.
(се) зајакнуваат
2. зајакнување ср.
глаг. им.