а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подзамачка

подзамачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Замачка малку, донекаде.
Англиски: smear Албански: lyej
Примери:
Ја подзамачка малку тортата со шлаг и ја изнесе пред гостите.
2. Прикрие, забошоти нешто.
Англиски: cover up Албански: mbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги подзамачка малку работите да не забележат роднините.
3. (се подзамачка) Се замачка малку, донекаде, некако.
Англиски: smear Албански: lyej
Примери:
Се шминкаше, а всушност само се подзамачка.
Изрази
Му ги подзамачка (подзамачкува) очите - го мами, му ги прикрива работите, не ја кажува целосната вистина.
Изведенки
подзамачкува несв.
(се) подзамачкуваат