поднови
подноват; подновил; подновен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16576
1.
Обнови облека мебел, и сл.
Примери:
За Велигден ги подновивме децата со нова облека.
Таа го поднови станот оваа есен со нови завеси.
Слично со:
обнови (св.)
2.
Крсти дете со име на постар член од семејството.
Албански:
pagëzoj
На баба ѝ го подновивме името.
Внукот му го поднови името на стариот, кога му се роди син го крсти на дедо си.
3.
(се поднови) Се облече во нешто ново, купи нешто ново.
Англиски:
renew
Албански:
vishet me diçka të re
Тој се поднови со нови чевли.
Таа се подновува секоја сезона.
Изведенки
1.
подновува несв.
(се) поднувуваат
(се) поднувуваат
2.
подновување ср.
глаг. им.
глаг. им.