подрашири
Види и:
рашири (св.)
подрашират
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 24978
1.
Рашири малку повеќе во просторот.
Примери:
Го подраширија малку дуќанот.
2.
Рашири по обем, прошири нешто (дејност, влијание), малку повеќе, во некоја мера.
Примери:
Добро им тргна, ја подраширија работата со зеленчукот.
Го подраширивме нашето влијание на тој дел од населението, ама има уште многу работа на терен.
3.
Отвори малку повеќе, донекаде, во некоја мера, повеќе од порано.
Примери:
Ги подрашири рацете како да ќе го гушне.
Кога виде кој иде, тој ги подрашири очите од чудење.
Слично со:
отвори (св.)
4.
(се подрашири) Се рашири во просторот малку, донекаде.
Примери:
Кругот околу огнот се подрашири.
Со доградбата се подраширивме малку.
5.
(се подрашири) Отвори, рашири малку, донекаде.
Примери:
Очите му се подраширија од чудење, кога виде кој иде.
Таа се подрашири малку во колковите и расцути.
6.
(се подрашири) Се рашири по обем малку, донекаде.
Примери:
Болеста се подрашири и на соседните села.
Трговијата се подрашири и сега добро се живее.
Изведенки
подраширува несв.
(се) подрашируваат
(се) подрашируваат