а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рашири

рашират; раширил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2324
1. Направи нешто да стане пошироко.
Англиски: extend Албански: zgjanoj
Примери:
Најпрво го раширија отворот.
2. Зголеми по број, обем.
Англиски: expand Албански: zgjeroj
Примери:
Го раширивме претпријатието.
3. Направи нешто да стане поопширно.
Англиски: spread Албански: zgjerohet
Примери:
И тие го раширија своето влијание.
Така само ќе ја рашират заразата.
4. За раце, нозе, крилја - отвори ширум.
Англиски: spread Албански: zgjerohet
Примери:
Со раширени крилја.
5. (се рашири) Стане поширок.
Албански: zgjanoj
Примери:
Полека отворот се рашири.
6. (се рашири) Стане посилен, зголеми се по број, обем.
Англиски: strengthen Албански: forcoj
Примери:
Сега веќе и фабриката ни се рашири.
7. (се рашири) се распространи
Англиски: spread Албански: përhap
Примери:
Се рашири и верата.
8. (се рашири) Се смести во пошироко живеалиште.
Англиски: accommodate Албански: akomoduar
Употреба: Разговорно
Примери:
Ја поправивме куќата, се раширивме малку.