а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пожали

пожалат; пожалил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4179
1. Искаже жал кон некого или кон нешто.
Англиски: pity Албански: keqardhje
Примери:
Господ ја пожали старицата и си ја прибра.
Господарот не ги пожали жетварите и не ја сопре работата и во најголемата горештина.
2. Жали за (по) некого извесно време, обично за покојник.
Англиски: mourn, grieve Албански: keqardhje
Примери:
Таа го пожали мажот една година.
3. (се пожали) Се поплаче некому, искаже поплака, незадодолство за (од) нешто.
Англиски: complain Албански: ankohem
Примери:
Се пожали на болки во грбот.
Тој се пожали дека не бил пречекан како што очекувал.
Се пожалија на лошото сметување.
Изведенки
пожалува несв.
(се) пожалуваат