а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

позбере

позаберат; позбери, позберете; позбрав, позбраа; позбрал; позбран; (ќе) позберев, (ќе) позбереа; (ќе) позберел
Вид збор: Глагол, свршен
1. Збере, собере донекаде нешто расфрлано.
Англиски: collect Албански: mbledh
Примери:
Девојчињата ги позбраа алиштата од собата.
Веднаш по ручекот таа ќе ги позбере ронките од масата.
2. Збере, насобере во некоја мера материјални средства.
Англиски: collect Албански: mbledh, grumbulloj
Примери:
Јас позбрав малку пари да им помогнам.
Одвај позбраа пари за да го платат лекувањето.
3. Збере, збие, се смести во некаков простор.
Англиски: gather Албански: mbledh, grumbulloj
Примери:
Тие ги позбраа нејзините работи во една кутија.
4. (се позбере) се збие, се збере, се стисне
Англиски: move closer Албански: afrohem, thukem
Примери:
Се позбраа сите деца во едно ќоше и глас не им се слушаше.
Јас се позбрав малку на клупата за да седнат и другите.
Изведенки
1. позберува несв.
(се) позберуваат
2. позбира несв.
позбираат