збере
зберат; збери, зберете; збрав, збраа; збрал; збран; зберев, збереа; зберел; зберен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6792
1.
Собира нешто што е расфрлано, распослано, распространето.
Примери:
Ги збра играчките во кутија.
Збери ги алиштата, суви се.
Кога беше на планина, збра чај.
Слично со:
собере (св.)
2.
Насобере (пари, помош, материјал итн.) малку по малку со штедење, со постепено прибирање.
Примери:
Одвај успеа да збере пари за нов автомобил.
Слично со:
насобере (св.)
3.
Повика, собере луѓе на едно место.
Примери:
Дедото ги збра сите потомци да го прочита тестаментот.
По повод дипломирањето, ги збра пријателите.
Слично со:
повика (св.)
4.
Стане повод за доаѓање, за среќавање.
Примери:
Трагичниот настан ги збра сите на едно место.
Симпозиумот ги збра најпознатите европски биолози.
Се збрале децата од двете соседни згради.
5.
Се смести во некаков простор (сад, просторија).
Примери:
Ќе ги збере ли патната торба сите алишта?
Слично со:
смести (св.)
Изведенки
зберува несв.
(се) зберуваат
(се) зберуваат