а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поздрави

поздрават, поздравам; поздравил; поздравен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1646
1. Искаже, изрази, упати поздрав.
Англиски: greet Албански: përshëndes
Примери:
Публиката го поздрави говорникот.
Претседателот го поздрави собирот.
Поздрави ги сите од мене!
Поздрави ја сестра ти!
2. Прими со радост нешто, некоја вест.
Англиски: welcome Албански: përshëndes, mirëpres
Употреба: Преносно значење
Примери:
Народот го поздрави намалувањето на цените на горивото.
3. (се поздрави) Искаже поздрав еден кон друг.
Англиски: greet Албански: përshëndes
Примери:
Тие се поздравија.
Невестата се поздрави со гостите.
Тие се поздравија и секој си замина на своја страна.
Изведенки
1. поздравува несв.
(се) поздравуваат
2. поздравување ср.
глаг. им.