позитивен
позитивни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1800
1.
Потврден, што искажува одобрување, согласност.
Примери:
позитивен одговор
позитивна рецензија
позитивна критика
позитивно мислење
2.
Добар, со добри својства.
Примери:
позитивни разултати
позитивен лик
позитивен човек
позитивна енергија
Слично со:
добар (прид.)
3.
Што се служи со објективни методи, заснован на факти, врз истражување.
Примери:
позитивни науки
5.
Што работи со добивка, што не покажува загуба.
Примери:
позитивен биланс
позитивно салдо
6.
За број - што има вредност поголема од нула.
Примери:
позитивни броеви
позитивна бројна вредност
Спротивно од:
негативен (прид.)
Изведенки
1.
позитивно прил.
Пример: Зборува позитивно и влијае позитивно врз сите нас.
Пример: Зборува позитивно и влијае позитивно врз сите нас.
2.
позитивност ж.