позиција
мн. позиции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 783
1.
Место на кое се наоѓа некој или нешто.
Примери:
Македонија е во централна позиција на Балканот.
Слично со:
местоположба (ж.)
2.
Место во некој распоред или редослед (на фигурите во шахот, прстите при свирење итн.)
Примери:
петта позиција
Партијата беше прекината во подобра позиција за црните фигури.
Слично со:
редослед (м.)
3.
Утврдено место на распоред на воени сили; место во борбена линија.
Примери:
одбранбена позиција
4.
Во книговодството - ставка во сметка, во буџет.
Примери:
За овие позиции во буџетот сѐ уште не сме дискутирале.
Слично со:
ставка (ж.)
5.
Положба, функција, поставеност во општеството, во службата, во некоја средина.
Примери:
висока општествена позиција
6.
Гледиште, однос, став кон нешто.
Примери:
Преговара од позиција на сила.
7.
владејачка партија
Примери:
Позицијата и опозицијата дискутираа во парламентот.
Спротивно од:
опозиција (ж.)
Изведенки
1.
позициски прид.
позицискиот
Што се однесува на позиција.
Пример: глобален позициски систем
позицискиот
Што се однесува на позиција.
Пример: глобален позициски систем
2.
позиционен прид.
позициониот
Што се однесува на позиција.
Пример: позициони светла
позициониот
Што се однесува на позиција.
Пример: позициони светла