покани
поканат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3678
1.
Испрати, упати некому покана за присуство, учество во нешто.
Примери:
Ние ги поканивме на прославата сите пријатели.
Тие ги поканија сите рооднини на свадбата.
2.
Повика, се обрати некому со покана.
Примери:
Јас ги поканив на ручек.
Тој ја покани да играат.
Таа го покани на кафе, но тој не дојде.
3.
(се покани) Самиот себеси се повикува, се кани.
Примери:
Таа сама си се покани на гости.
Изведенки
1.
поканува несв.
покануваат
покануваат
2.
поканување ср.
глаг. им.
глаг. им.