покоси
покосат; покосил; покосен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12423
1.
Изврши косење.
Примери:
Тој ги покоси тукушто потераните млади стебленца.
Слично со:
коси (несв.)
2.
Коси малку, кратко време.
Примери:
Покоси малку, се измори и седна.
3.
Пресече со поглед, остро погледна.
Примери:
Професорот ги покоси со само еден поглед.
Таа го покоси со очите и тој ја наведна главата.
4.
Уништи, истреби; изумре од болест, епидемија и сл.
Англиски:
mow down
Албански:
çfaros, kosit, zhduk
Чумата покоси неколку села.
Гранатите ги покосија куќите во овој дел од градот.
Изведенки
1.
покосува несв.
покосуваат
покосуваат
2.
покосување ср.
глаг. им.
глаг. им.