покрај
Вид збор: Предлог
Ранг: 554
1.
Место на одвивање на дејство, положба во непосредна близина на нешто.
Англиски:
beside
Поминав покрај тебе, а ти не ме виде.
Стои покрај ѕидот и ги брои минутите.
2.
Одвивање на дејството по должина на нешто.
Англиски:
along
Новиот пат ќе се гради покрај железничката пруга.
Селаните насадија канадски тополи покрај каналот.
3.
Нешто што е непосредно или што се извршува паралелно со нешто друго.
Англиски:
beside
Покрај толку проблеми, сега треба да се грижам и за твојата болна тетка.
Наоѓа време за пишување покрај многубројните обврски во домот.
4.
Допусно значење, наспроти (почесто со честичката и).
Англиски:
despite
И покрај толкаво богатство, пак не е задоволен.
Попот не сакаше да побараме помош и покрај силните болки во стомакот.
Слично со:
наспроти (предл.)
Изрази
Покрај сувото гори и суровото - покрај виновните ќе настрадаат и невините.