полаже
Види и:
лаже (несв.)
полажат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 41402
1.
Лаже малку, кратко време.
Англиски:
lie
Секогаш кога ќе дојдеше, ќе нѐ полажеше за да ја разубави приказната.
2.
Заигрува, забавува некого (обично деца).
Англиски:
entertain
Таа ќе ги полаже малку децата додека се вратиме ние.
3.
(се полаже) се измами, се излаже
Тие ќе се полажат по пари.
Момчето се полажа по девојката.