а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

полиција

мн. полиции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1148
1. Служба на државна власт што има должност да ги чува редот, законитоста и поредокот во државата.
Англиски: police Албански: polici
2. Множество од полицајци или сите вработени.
Англиски: police
Употреба: Разговорно
Примери:
Населбата е полна полиција.
Полицијата доби зголемување на платите.
3. Управна зграда на таа служба.
Англиски: police
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Влезе во полицијата, а таму беа само дежурни лица.
Ја варосаа полицијата и внатре ставија камери за снимање.