а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

помести

поместат; поместил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4251
1. Премести нешто од едно место на друго.
Англиски: dislocate Албански: zhvendos
Примери:
Масата ја поместивме поблиску до ѕидот.
Таа бесцелно ја поместуваше раката по масата и јас забележав на неа лек трепет.
2. Објави текст во весник, книга и сл.
Англиски: publish Албански: publikoj, botoj
Примери:
Во антологијата ја поместиле и неговата песна.
3. (се помести) Се тргне од своето место, се измести.
Англиски: shift Албански: largohem, zhvendosem
Примери:
Тој се помести за едно место понапред, поблиску до прозорецот.
Таа одвај мрзливо се помести на столчето.
4. (се помести) Се помери од умот, полуди.
Англиски: go crazy Албански: çmenden, luaj mendsh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се помести од умот.
Изрази
Помести се од местото - клетва, предупредување.
Да не се поместам од место ако лажам - заклетва.
Изведенки
1. поместува несв.
(се) поместуваат
2. поместување ср.
глаг. им.