поседи
поседат; поседов; поседоа; поседел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6345
1.
Седи малку.
Примери:
Нека поседи малку и нека се одмори.
Поседете вие, дури да стигне вечерата.
Јас ќе поседам со тебе во дворот.
2.
Престојува малку некаде.
Англиски:
spend time
Албански:
qëndroj, kaloj kohën
Поседи на воздух во планина и ќе ти помине.
Тој поседе во селото четири-пет дена.
Слично со:
престојува (несв.)