престои
престојат; престој, престојте; престојав, престојаа, престоив, престоија; престојал, престоил; престојан, престоен; престоев, престоеја; престоел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 24112
1.
Помине некое време во стоење.
Примери:
Цела ноќ ја престои на прозорецот, чекајќи ги.
2.
Стои подолго од потребното.
Примери:
Ако дрвото престои во вода, ќе скапе.
3.
Стои, остане онолку време колку што е потребно за да може да се користи.
Англиски:
stand
Албански:
qëndroj, rri
Овошјето со шеќерот треба цела ноќ да престои, а утредента да се свари.
Сирењето треба да престои во вода за да се отсоли.
4.
Остане, се задржи некаде определено време.
Примери:
Колку време престои кај нив во село?
Изведенки
1.
престојува несв.
престојуваат
престојуваат
2.
престојување ср.
глаг. им.
глаг. им.