посее
посеат; посеј, посејте; посеав, посеаја; посеал; посеан; (ќе) посеев, (ќе) посееја; (ќе) посеел; посеен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7601
1.
Засее, фрли семе да никне.
Примери:
Верувајте, дури ни жито годинава не посеав.
Задутре нивата сигурно ќе биде посеана.
Слично со:
насади (св.)
2.
Со сеење (низ сито, решето) пречисти мало количество од нешто што се сее (брашно, жито, песок).
3.
Внесе, рашири меѓу луѓето нешто (идеи, гласови; смут, раздор).
Примери:
Тој посеал раздор меѓу луѓето.
4.
Изгуби нешто.
Примери:
Тогаш виде дека клучевите ги посеал некаде по пат.
Изрази
(посл.) Што си посеал, тоа ќе ти никне.
(посл.) Што ќе посееш, тоа ќе си жнееш.
Изведенки
1.
посева несв.
посеваат
посеваат
2.
посевање ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
посејува несв.
посејуваат
посејуваат
4.
посејување ср.
глаг. им.
глаг. им.