а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

последен

последни
Вид збор: Придавка
Ранг: 156
1. Што е на самиот крај од нешто, по кој не следува нешто друго.
Англиски: last Албански: i fundit
Примери:
Тоа беа последните посетители на изложбава за овој ден.
Тој ја отвори последната соба.
Повеќето патници дојдени со последниот воз требаше да останат за утре.
Тој зборуваше сè потивко и последните зборови одвај се чуја.
2. Што се однесува на времето непосредно пред сегашноста, на блиско минато, претходен.
Англиски: last Албански: i kaluar
Примери:
Последните неколку дена, чинам се почувствува сигурен, свој, како вистински човек.
Последниот пат таа немаше право.
3. Што е останат на крај.
Англиски: last Албански: i fundit
Примери:
Беше тоа еден од последните денови на јуни.
Тој во него ја полагаше последната надеж.
Тој, навистина, ми е последниот адут.
Ова ти е последна можност да се вратиш на факултетот.
4. конечен, завршен, дефинитивен
Англиски: final Албански: përfundimtar
Примери:
Тој го кажа последниот збор.
За последен пат ве опоменувам.
5. Што е најнов, штотуку појавен.
Англиски: last Албански: i fundit
Примери:
Таа носеше убава облека, сè по последна мода.
6. Што е незначителен, никаков, најдолен, најлош од сите.
Англиски: worst Албански: i keq
Примери:
Тој патуваше во последната класа.
7. Штотуку споменат.
Англиски: last Албански: në fund
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Последниов, беше вкочанет, безначаен човек, би се рекло.
8. Што се случува на крајот на животот, пред смртта.
Англиски: final Албански: përfundimtar
Примери:
И се чинеше дека тој ги живее последните минути од животот.
Изрази
До последен здив - до крај.
До последен - сите до еден.
Со последни сили - со краен напор.
До последна капка крв - до самиот крај.
До последната пара / до последниот денар - многу, сè што има.
Ни прв ни последен - има многу такви како тој за кого се зборува.
Изведенки
последно ср.
последното
Пример: Го дадовме и последното.