а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

постела

мн. постели
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 930
1. Тоа врз кое човек легнува да спие.
Англиски: mattress, bedding Албански: shtrat
Примери:
Тој лежеше на постела од неколку штавени кожи.
Порано немаше кревет, туки само постела на гола земја.
2. Легло за одмор и спиење.
Англиски: bed Албански: shtrat, krevat
Употреба: Преносно значење
Примери:
Цела ноќ се превртуваше во постелата.
Седеше на крајот на постелата.
Брачна постела.
Изрази
Падна в постела, е закован (врзан) за постела - потешко се разболе.
Е на смртна постела - е болен на умирање.
Изведенки
постелче ср.
мн. постелчиња
дем.