потпикне
потпикнат; потпикни, потпикнете; потпикнав, потпикнаа; потпикнал; потпикнат; (ќе) потпикнев, (ќе) потпикнеа; (ќе) потпикнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 33989
1.
Стави, пикне нешто некаде.
Примери:
Ја потпикнал раката во рамето и нога за нога, јаде бадеми.
Слично со:
вовлече (св.)
2.
Стави, поттури, тутне некому нешто.
Примери:
Му потпикна некоја пара на келнерот да му најде празна маса.
3.
Намести на добро работно место.
Примери:
Успеа да го потпикне во едно министерство.
4.
(се потпикне) Се вовлече, се смести некаде.
Примери:
Тој се потпикна во едно ќоше.
5.
(се потпикне) Влезе на добро работно место.
Примери:
Се потпикнал во градскиот совет.
Изрази
Му се потпикна под кожа - се додвори некому.
Изведенки
1.
потпикнува несв.
(се) потпикнуваат
(се) потпикнуваат
2.
потпикнување ср.
глаг. им.
глаг. им.