а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потроши

потрошат; потрошил, потрошиле; (ќе) потрошел, (ќе) потрошеше; (ќе) потрошеле
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4313
1. Употреби пари за купување нешто, истроши.
Англиски: spend Албански: shpenzoj, harxhoj
Примери:
Ги потрошивме парите на пазар.
А тоа го прават зашто не им одговара сите да имаме калориметри бидејќи тогаш лесно се гледа дали плаќаме многу повеќе отколку што сме потрошиле.
2. Помине време занимавајќи се со нешто.
Англиски: waste Албански: harxhoj kot
Примери:
Го потроши времето за бадијала.
Младоста ја потроши во учење.
Го потрошивме месото.
3. Изгуби сила, физички ослабе.
Англиски: weaken Албански: harxhoj, dobësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Си ја потрошив снагата.
4. (се потроши) Се истроши; трошејќи стигне до крај на нешто.
Англиски: spend Албански: harxhoj
Примери:
Се потроши со куќата.
Парите се потрошија.
Изведенки
1. потрошува несв.
(се) потрошуваат
2. потрошување ср.
глаг. им.